logo
logo
logo

ОВА ЛИ Е СОЖИВОТ: Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен (ВИДЕО)

Vecer | 14.08.2022

ОВА ЛИ Е СОЖИВОТ: Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен (ВИДЕО)

Забавата за Охридскиот Рамковен Договор како да не помина во „духот“ на соживотот. Тоа можеше да се види од исвиркувањето на македонскиот јазик на истата.

На забавата која ја организираше министерството за политички систем на Артан Груби, кога водителката прозборе на македонски јазик таа беше исвиркана.

-Драги присутни, вечерва не собра песната, убавата песна која ќе не потсети на убавите мигови на животот, на младоста, љубовта, слободата, соништата. И секако да им порачаме на оние кои имаат некакви…, беа зборовите по кои публиката почна со свирежи и извикувања.

Првиот вицепремиер Артан Груби претходно најави дека очекува овој фестивал во иднина на прерасне на нивото на оние најголеми регионални, мултикултурни, обединувачки. Но, се поставува прашањето како со вакви случувања би се остварил планот.

Се пставува прашањето дали владата и Груби ќе го осудат ова оснедување.

Инаку, „Peace Festival“ или фестивалот на мирот мина без ниту еден македонски пејач, откако двајцата најавени, Владо Јаневски и Антонија Гиговска го откажаа настапот.

Организатор на овој фестивал беше фирмата Арберија Дизајн, која важи за омилена кај ДУИ. Таа требаше да ја изврши и набавката на свидетелствата, што не се случи. Арберија дизајн последниве четири години има добиено дури 61 државен тендер, а е најголем донатор на ДУИ од 2105-та  наваму.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека ова е приватна забава  на ДУИ во пресрет на изборите во Тетово. Лидерот на партијата Мицкоски денеска изјави дека бадијала им е Рамковиниот договор на СДСМ и ДУИ, кога младите ја напуштаат Македонија.

https://youtu.be/pZBh55XQXTg

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk