logo
logo
logo

ОВА ГО БРАНИ АЛИ АХМЕТИ: “ДУИ со нивните казина ВРТЕА 900 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО!“

Vecer | 10.08.2024

ОВА ГО БРАНИ АЛИ АХМЕТИ: “ДУИ со нивните казина ВРТЕА 900 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО!“

„ДУИ е ракот на Албанците. Кој ги уништи повеќе Албанците од ДУИ на Али Ахмети, која во предизборниот период инвестираше во 1.600 коцкарници, за кои плати 19 милиони евра, иако вистинската цена е 9 милиони евра?“ – истакнува преку својот фејсбук-профил Аднан Азизи, организацискиот секретар на претседателството на Беса, од коалицијата Вреди.

Фејсбук-објавата на Азизи ја пренесе и информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму Азизи пишува: За две децении единствениот успех на ДУИ е во секторот КАЗИНА. Операторот НОВО ВЛТ преку Артан Груби и неговите луѓе успеа да ги наполни албанските населби со коцкарски бизниси и машините за казино на српскиот бизнис.

Зошто инвестирање само во казино? Затоа што ДУИ „перела“ валкани пари преку казина и вртела повеќе од 900 милиони евра годишно!

Служејќи им на српските структури и бизниси, Артан Груби, пионот на Али Ахмети, инвестираше само во сегменти, кои го пренасочија албанското општество во крадење, корупција, проституција, дрога и коцкање.

Преку овие настани ДУИ ја исполни целта на Србија и српските бизнисмени Албанците да се „дерат“ финансиски, да осиромашуваат и да ја напуштат државата, а функционерите на ДУИ, поддржани од СДСМ и Србија, да се збогатуваат.

На овој зулум му дојде крајот. Сега дојде време и за одговорност!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk