logo
logo
logo

Ова е причината за вчерашната страотна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Тетово

Vecer | 20.10.2021

Ова е причината за вчерашната страотна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Тетово

Тетовецот кој го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово настрадал кога две возила се судриле, па удриле во две паркирани возила. Прво се судриле „голф“ и товарно возило „мерцедес“ по што удриле во „опел зафира“ и „пежо“ кои биле паркирани.

Сега веќе починатиот Ф.Р (45) бил сопатник во пежото, кое го управувал Е.К.(27), а се паркирале поради дефект на возилото.

-На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник од товарното возило „пежо“, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Возилото „голф“ со тетовски регистарски ознаки било управувано од М.А.(33) од с.Требош, а товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје. Возилото „Опел зафира“ со тетовски регистарски ознаки, било паркирано од Ш.К.(49). Сообраќајката се случи околу 16.40 часот, кај натпатникот за Требош. По несреќата беше извршен увид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk