logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ

ОТВОРЕН ЛАЖЕН ФЕЈСБУК ПРОФИЛ на сопругата на Пендаровски: Се крадат податоци од граѓаните и се "делат" по 5000 евра на 100 граѓани

Vecer | 16.10.2021

ОТВОРЕН ЛАЖЕН ФЕЈСБУК ПРОФИЛ на сопругата на Пендаровски: Се крадат податоци од граѓаните и се "делат" по 5000 евра на 100 граѓани

Денеска пред 13 часот, бил отворен лажен профил со име и презиме на првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните, исто како што се крадат и информации за кредитни картички.

Првествено на лажниот профил, првата дама е претставена со презимето на претседателот Пендаровски (Пендаровска). На профилот има објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по случаен избор, и ќе им бидат донирани 5.000 евра.

Објавата е вирална и има повеќе шерувања, коментари и реакции. Ова доведува до размислување дека некои граѓани потпаднале под влијанието на лажниот профил, со што ги почитуваат правилата, надевајќи се дека ќе бидат избрани.

За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена е и самата Елизабета Ѓоргиевска како и Кабинетот на претседателот.

Од Кабинетот на претседателот за „А1он“ потврдиле дека знаат за случајот и се постапувало по истиот

„Ќе се пријави во МВР во компјутерски криминал, а веднаш кога е забележано, дополнително пријавено е и директно до Фејзбук“ – информирале од Кабинетот.

Првата дама се огласи и преку Фејсбук, каде напиша: „Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејсбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk