ВО БИТОЛА

Откриена биста на Мирка Гинова

По повод 90 години од раѓањето и 60 години од херојската смрт на народниот херој Мирка Гинова, претседателот на Сојузот на борците на Македонија и претседател на Боречката организација на Битола, Гавро Пановски на градското шеталиште во Битола, ја откри спомен-бистата на Мирка Гинова, дело на скулпторот Драган Поповски - Дада. На свеченоста присуствуваа повеќе граѓани и припадници на политички организации. Гавро Пановски во своето излагање рече дека Мирка Гинова, родена во с. Русилово, Воденско, Егејска Македонија, со својата пролеана крв за слободата на македонскиот народ, стана синоним на заслужен македонски народен борец и легенда што ги мина границите на родниот крај и стигна дури до Организацијата на Обединетите нации. На бистата беа положени венци и свежи цвеќиња од нејзини роднини и претставници на разни асоцијации, меѓу кои и од братот Ташко Гинов, кој што имал 10 години кога таа била погубена, а кој што сега со своето семејство живее во Битола. (П.С.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари