СТРУМИЦА

Откриен споменик на бегалците од Егејска Македонија

Во Струмица е откриен споменик на бегалците од Егејска Македонија, чијшто автор е младата скулпторка Наташа Божарова - Пијанманова, која победи на конкурсот што го распиша Одборот за подигање споменици на Советот на Општина Струмица.

Спомен-обележјето, на кое на карпеста подлога е прикажана мајка-бегалка која заштитнички го прегрнува своето дете, претставува симбол на апокалиптичните судбини и страдања на Македонците од егејскиот дел за време на бегалските погроги по Втората балканска, двете светски и граѓанската војна во Грција во првата половина од минатиот век.
Споменикот е поставен во Спомен-паркот посветен на бегалците и децата на бегалците, а за неговата изработка се потрошени околу 500.000 денари од општинскиот буџет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари