logo
logo
logo

Откриен хероин во домот на битолчанец

Vecer | 28.09.2022

Откриен хероин во домот на битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна потстапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот 26-годишник, на улицата „Ванче Јаневски“ во Битола, биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама хероин, како и 2,14 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи на илегалниот пазар како додаток за зголемување на масата на наркотичните дроги. Исто така, биле откриени и предмети со траги од хероин – дигитална вага и ножици, кои биле употребувани за мерење и препакување на дрогата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз постапката. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk