logo
logo
logo

Откриено КОЈ Е ДИЛЕРОТ ЗА ФАЛИСИФИКУВАНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ

Vecer | 29.11.2022

Откриено КОЈ Е ДИЛЕРОТ ЗА ФАЛИСИФИКУВАНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ

Кој е македонскиот државјанин со прекар РОКО кој според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград наплаќал по 30.000 евра за пасош од Македонија?

Ова може да биде клучен наод во идната истрага која ќе се води за организаторите на аферата Двојник во која МВР на Оливер Спасовски издала над 215 пасоши на светски и регионални криминалци.

Од денешното сведочење на „соработничкиот сведок Срѓан Лалиќ“ во судскиот процес против Веља Невоља и кавачкиот клан се дознава дека во Македонија има човек кој во име на МВР на Спасовски продава или посредува за добивање македонска патна исправа за која наплаќал огромна сума пари.

,,Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за С. Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување”, изјавил Лалиќ пред специјалниот суд во Белград.

Во фингираниот процес за аферата ,,Двојник” обвинителството под контрола на СДСМ гонеше неколку службеници во МВР но судијката Оља Ристова која ги судеше обвинетите даде јавна изјава дека организаторите на аферата Двојник не се опфатени со обвинението.

До денеска обвинителството и МВР не покренаа нови процеси против луѓето кои кои ги споменува судијката Ристова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk