logo
logo
logo

По 6 месеци во фиока:

Отфрлена тужбата против Теута Арифи - Касами го обвинува Ислам Абази

Vecer | 07.12.2022

Отфрлена тужбата против Теута Арифи - Касами го обвинува Ислам Абази

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли тужбата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, против поранешната градоначалничка Теута Арифи, за злоупотреба на службената положба.

Касами денеска обвини дека отфрлањето на тужбата е резултат на изборот на Ислам Абази за нов шеф на ова обвинителство.

За случајот ги информирал сите странски амбасади во земјава и побара поагресивна интервенција од САД за борба против корупцијата.

„Како за иронија на судбината, во петокот минатата недела, Обвинителството за гонење на организиран криминал го испрати првиот одговор дека тужбата што општина Тетово ја поднесе против потпретседателот на ДУИ е одбиена. Значи, излезе резултатот на обвинителот од Зајас. Тужба се чуваше во фиока шест месеци и кога дојде веднаш ја одби. За ова се известени амбасадите, поточно американската амбасада и силно веруваме дека само со поагресивна интервенција како што беше кажано во нивната изјава, ќе може да се стави под контрола корупцијата и злоупотребата на позицијата во РСМ“, вели Касами.

Извор: Алсат

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk