Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена. Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, која шири Бугарска пропаганда во државава и лице кое има забрана за влез во Македонија поради неговите антимакедонски ставови. Ете овој човек соработува со СДС и Филипче токму преку човекот на Заев, Рубин Земон. Да ја потсетиме јавноста со какви хвалоспеви, меѓународниот секретар на СДС, Андреј Жерновски говореше за него, рече Манасиевски.
Посочи дека освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско.
-Дури и видни членови на СДС му укажале на Филипче дека со оваа работа отидено е предалеку, па затоа му било кажано на Рубин Земон да замине од СДС, но да продолжи со тоа што му е работа, а тоа е соработката со Бугарија и ширење на бугарска пропаганда. Филипче е фатен во небрано, откриени му се намерите и доколку вака продолжи СДС ќе стане ДООЕЛ, посочи Манасиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата