logo
logo
logo

Освен Скопје и Куманово сите градови се под 100 активни на корона - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Vecer | 31.05.2021

Освен Скопје и Куманово сите градови се под 100 активни на корона - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Од Министерството за здравство информираа дека  Комисијата до Штабот предложила од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Предлага и да престане да важи забраната за групирање на отворено – при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.

Максимум дозволен број на гости на една маса да биде шест.

– Спортските натпревари на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30 отсто од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по шест гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат во сила. Полицискиот час останува во сила, наведоа МЗ.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување  настани и концерти на отворено, а по 15 јуни, според договорените протоколи, ќе бид дозволена и организација на ваков тип настани.

– Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелираме до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките, повика ресорното Министертство.

Според последните информации од Министерството за здравство, поради намалениот број  новозаболени лица е намалена и оптовареноста на болниците. Во изминатиот период некои ковид-оддели беа затворени и беа вратени во функција на нивната првобитна намена.

Според последните податоци во моментов се активни 1197 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега во земјава од Ковид-19 се заразија 155269 лица,  оздравеа 148664, а починаа 5408, што укажува на драстичен пад на бројките, како и добра основа за најавеното олабавување на мерките за заштита од Ковид-19, од страна на надлежните.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68508, Активни 506

Куманово 8825, Активни 114

Прилеп 8301, Активни 58

Тетово 7212, Активни 49

Битола 6291, Активни 61

Велес 5468, Активни 21

Гостивар 5171, Активни 24

Кавадарци 5151, Активни 10

Охрид 5001, Активни 53

Штип 4959, Активни 22

Струмица 4110, Активни 41

Струга 2980, Активни 26

Кочани 2787, Активни 19

Кичево 2563, Активни 43

Гевгелија 2191, Активни 9

Неготино 2183, Активни 9

Свети Николе 1522, Активни 10

Ресен 1234, Активни 12

Крива Паланка 1219, Активни 3

Радовиш 1158, Активни 34

Берово 1029, Активни 3

Делчево 971, Активни 9

Дебар 940, Активни 1

Виница 881, Активни 21

Пробиштип 789, Активни 4

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 2

Крушево 490, Активни 5

Демир Хисар 397, Активни 4

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 374, Активни 13

Македонски Брод 359, Активни 3

Пехчево 268, Активни 1

Македонска Каменица 249, Активни 6

Дојран 132, Активни 0

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk