logo
logo
logo

Осум починати од Ковид 19, 16 отсто позитивни или 554 од 3477 тестови

Vecer | 26.02.2021

Осум починати од Ковид 19, 16 отсто позитивни или 554 од 3477 тестови

Нови 554 случаи на зараза со САРС КОВ 2 се потврдени во изминатите 24 часа од 3.477 направени тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Од нив, 258 се од Скопје, 51 од Кавадарци, 41 од Прилеп, 25 од Куманово, 22 од Неготино, 18 од Охрид, 16 од Тетово, 13 од Струга, 12 од Гевгелија, 11 од Битола,  по десет нови случаи се потврдени во Велес, Струмица и Крива Паланка, осум во Штип, седум во Кичево, по шест во Гостивар и Валандово, пет во Крушево и Богданци, по четири нови случаи имаат Пробиштип и Демир Хисар, три – Кочани, два – Делчево и по еден нов заразен e регистриран во Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево.

Во последните 24 часа се евидентирани осум починати пациенти – двајца од Скопје (77 и 70 години) и по еден пациент од Прилеп (72), Кавадарци (73), Охрид (71), Ресен (68)  Валандово (66) и Дојран (64). Сите се починати во болнички услови.

Активни случаи во земјава има 7.748. Од нив, 3421 се во Скопје, а трицифрени активни случаи имаат: Прилеп 604, Кавадарци 559, Охрид 403, Тетово 272, Куманово 256, Велес 250, Делчево 184, Неготино 183, Струга и Гевгелија по 172, Струмица и Битола по 168, Гостивар 138 и Штип има 122 активни случаи.

Од почетокот на епидемијата во земјава, пред точно една година, КОВИД-дијагностицирани се вкупно 101.762 лица, а направени се 516.169 тестирања.

Бројот на оздравени е 90.895, а починаа 3.119 пациенти.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk