logo
logo
logo

Антонијо Милошоски

„МЗ располага со голем фонд и тендери, затоа Заев прави обиди да го задржи Филипче“

Vecer | 16.09.2021

„МЗ располага со голем фонд и тендери, затоа Заев прави обиди да го задржи Филипче“

Изјавата на Заев дека ќе се произнесе по оставките откако ќе заврши истрагата е само обид за манипулација, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „10 минути“ на ТВ 21.

„Оставката на министерот Филипче е објективна одговорност која што треба да се констатира затоа што се случи една голема здравствена и човечка катастрофа во неговиот ресор. За субјективната одговорност дали тој има некаква кривична одговорност по однос на изградбата на модуларните болници или можеби некој друг има некој таква одговорност, тоа си е дел на истрагата. Затоа мислам дека оставките не треба да бидат поврзани со истрагата.“, изјави Милошоски.

Според Милошоски Собранието се уште не ја добило оставката на министерот за здравство Венко Филипче, но и на неговиот заменик Хасани, за кои ВМРО-ДПМНЕ побара премиерот Заев да ги достави до Собранието.

„Оставка на пример пред година и половина поднесе тогашниот заменик министер за образование Петар Атанасов која што оставка беше многу брзо, за ден-два процесуирана во Собранието и истата беше констатирана. Оставка поднесува Венко Филипче но гледаме дека и по речиси 10 дена од поднесувањето на оставката не е истата доставена до Собрание. Цениме дека Министерството за здравство како институција која што располага со голем фонд и многу тендери е причината зошто Заев прави обиди да го задржи Венко Филипче на местото од кое што тој самиот поднесе оставка“, рече Милошоски.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски вчера пак рече дека оставките се депонирани.

„Оставките на министерот и заменикот министер за здравство се доставени до премиерот и се архивирани. Содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија“, рече Арсовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk