Политичката сцена во Македонија доби нова политичка партија Движење за демократија, права и слобода. (ДПС)

На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу млади, но и веќе докажани соработници и активисти кои долго време заедно со него ја воделе битката за демократија, права и слободи во општеството.

„Во членството на ДПС има плејада на нови луѓе без претходен било каков политички багаж, лица кои се професионалци во своите области и кои заедно ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела“, велат од партијата.

Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на централниот одбор каде ќе се бираат претседателство и избор на други партиски раководства на ДПС.

makfax.com.mk