logo
logo
logo

Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан

Vecer | 08.03.2021

Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Рим се сретна со секретарот за односи со државите на Светата столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Од МНР соопштија дека централно место во разговорите била перспективата на меѓусебните релации и поактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласиле дека историското апостолско патување на папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година донело нова димензија во речиси тридецениските односи исполнети со пријателство и заемна почит.

„Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација“, рекол Османи, при што биле поздравени нашите напори и била споделена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk