logo
logo
logo

Османи утре на видео состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ

Vecer | 12.05.2021

Османи утре на видео состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, утре под покровителство на министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Никос Дендиас и Богдан Ауреску ќе одржат видео брифинг со своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, соопштија од кабинетот на Османи.

Како што се наведува, целта на состанокот е да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата на земјите членки кон европската перспектива на земјите од регионот, во пресрет на состаноците на Советот за општи работи во јуни.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат досиејата на Северна Македонија и Албанија и нивните оправдани очекувања, Советот во јуни да ги операционализира одлуките за почеток на пристапните преговори, преку усвојување на преговарачките рамки и одржување на првите меѓувладини конференции.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk