Османи: Суштински закони ги пробиваат роковите, поради блокада на Собранието

Се интензивира донесувањето на реформските решенија во пресрет на априлскиот извештај на Европската Комисија. Ваков е заклучокот од денешното заседавање на министерската работна група за спроведување на Планот 3-6-9, со која претседаваше претседателот на Владата, Зоран Заев денеска претседаваше со министерската работна група за спроведување на Планот 3-6-9.

Владината прес-служба соопшти дека за време на состанокот, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој, истовремено, е и задолжен за следење на имплементацијата на Планот 3-6-9,  информирал дека реализацијата на предвидените законски решенија и мерки се одвива според предвидената динамика, но и дека дел од некои од суштинските реформски закони и мерки се соочуваат со пробивање на роковите заради блокадите во работата на Собранието, посебно во делот на законите за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Од работата на денешната седница, призлегле препораки кои на надлежните министерства им налагаат да ги интензивираат завршните активности за имплементација на предвидените закони и мерки со запазување на роковите во однос на априлскиот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјата во реализацијата на Планот 3-6-9, како и заклучокот да продолжат средбите на работните групи со опозицијата за обезбедување амбиент за заедничко учество во донесувањето на реформските законски решенија.

На седницата бил  донесен и заклучок со кои се задолжуваат надлежните министерства да ја отпочнат подготовката на предлози за новиот пакет реформски законски решенија и мерки кои ќе треба да се реализираат до крајот на годината. Денешниот состанок на Министерската работна група за следење на спроведувањето на Планот 3-6-9, е дел од механизмот што го воспостави Владата, преку кој редовно, се следи имплементацијата на планот.

За текот на имплементацијата соодветно се информираат Собранието, Европската Комисија и земјите членки на ЕУ, како и граѓанското општество, експертската и пошироката јавност.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари