Османи: Следната недела да се изгласа Законот за јазиците за доброто на Македонија

Наредната недела Законот за јазиците повторно ќе се најде пред пратениците и се очекува да биде изгласан заради доброто на Република Македонија, смета вицепремиерот за евро-интеграции Бујар Османи во изјава за Телма. Вели дека оваа Влада уште на почетокот решила да се справи со три големи пречки на евро-интегративниот пат: лошите односи со Бугарија, спорот со името и употребата на албанскиот јазик. Ги потсетува скептиците дека по потпишувањето на договорот, Бугарија стана нашиот најголем евро-спонзор.

-Јас сум убеден ако ја покажеме истата посветеност и храброст и го донесеме законот, а убеден сум дека ќе го донесеме законот во наредните денови, меѓуетничките односи ќе ни бидат најголемата потисна сила за евро-атлантски структури и ќе остане уште спорот со името. Алудирам на сите што со амандмани сакаат да го блокираат законот, изјави Бујар Османи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари