logo
logo
logo

Османи се сретна со aмбасадорите на Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и Унгарија

Vecer | 07.05.2021

Османи се сретна со aмбасадорите на Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и Унгарија


Министерот за надворешни работи Бујар Османис е сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од неформалната група Ц5 на Централно европските држави во кој влегуваат: на Австрија – Георг Вуцас, на Словенија – Милан Предан, на Чешка – Мирослав Томан, на Словачка – Хенрик Маркуш и на Унгарија – Ласло Дукс; овие амбасадори ги преставуваат земјите членки на ЕУ од неформалната група Ц5 – Централно-европските држави.

Предмет на разговор беа тековните теми со ЕУ предзнак, претстојните ЕУ Совети на министрите за надворешни работи и за европски прашања на кои ќе се отвори стратешка дискусија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и кои ќе послужат како подготовка за состаноците во јуни. Исто така, се отвори темата и за процесот на имунизација, како и чекорите кои ќе обезбедат можност за послободно прекугранично патување, особено за време на летните месеци.

Заеднички беше констатирано дека регионалните формати на поблиска соработка, како помеѓу земјите членки на ЕУ, така и во регионот на Западен Балкан, нудат поволна можност за продлабочена координација особено со справување со заеднички предизвици како што е моменталната пандемија. Земјите од Централна Европа се наоѓаат во непосредно соседство на Западниот Балкан и се блиску поврзани, особено од економски аспект. Оттаму потребно е да се разговара за креирање заеднички мерки и механизми подржани од ЕУ кои ќе го олеснат справувањето со предизвиците со кои се соочуваме. Последен таков пример на координирана соработка е ЕУ механизмот за вонредна набавка на вакцини потпомогнат од страна на Австрија, преку кој земјите од регионот од оваа недела започнаа да ги добиваат обезбедените 651.000 дози вакцини од кои 119.000 за нашата земја.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk