logo
logo
logo

Османи: Премногу бевме емоционални, но отсега ќе сме рационални со Бугарија

Vecer | 16.02.2021

Османи: Премногу бевме емоционални, но отсега ќе сме рационални со Бугарија

Емоциите да бодат тргнати настрана, а да се промовира рационалниот пристап во разговорите со Бугарија, е новиот концепт на македонското Министерство за надворешни работи, наведе во вторникот шефот на дипломатијата Бујар Османи според кој дискусиите во првата фаза од дијалогот биле премногу емоционални.

„Чувството беше дека во првата фаза дијалогот меѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање“, рече Османи.

Додаде дека со финализирањето на акцискиот план ќе може да свика нова седница на меѓувладина конференција која произлегува од Договорот за добрососедство од 2017 година.

Османи смета дека 99 отсто се дефинирани точките од Акцискиот план со Бугарија и дека може да почнат да ја договараат Меѓувладината конференција која треба да се одржи во Македонија.

Преостанатиот еден процент, според министерот, се технички поединости и затоа е оптимист дека во наредните денови ќе го финализираат тој текст.

„Имавме размени во дефинирање на тој акциски план и сметам дека сме при крај за дефинирање на тој план“, рече Османи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk