logo
logo
logo

Османи на Јадранскиот форум: Инфраструктурата значајнa за поврзување со земјите од ЕУ

Vecer | 19.02.2021

Османи на Јадранскиот форум: Инфраструктурата значајнa за поврзување со земјите од ЕУ


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во видео формат, учествуваше на Јадранскиот Форум за инфраструктурно меѓуповрзување.

„Поврзувањето и градењето на инфраструктура за непречен транспорт, енергија и дигитална инфраструктура во нашиот регион би значело огромна придобивка за поврзување на луѓето и економиите внатре во самиот регион, но и нивно поврзување со земјите од ЕУ. Зголемување на поврзаноста претставува најдобар рецепт за развој преку подобрување на конкурентноста, создавање на работни места и привлекување на инвестиции“, истакна Османи во неговото обраќање.

Министерот ја претстави и „Иницијатива 8“ која претставува политичка платформа за интензивирање и продлабочување на соработката која е од стратешки интерес за трите земји кои се вклучени во овој процес односно Северна Македонија, Албанија и Бугарија.

„Патната и железничката инфраструктура на Коридорот 8, помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија претставува многу важен проект кој е од интерес, не само на овие три земји од Балканскиот полуостров, туку и за целиот Европски континент“, потенцира министерот за надворешни работи.

Според соопштението од кабинетот на Османи, главната цел на Форумот била ставање во фокус на транспортната поврзаност и евентуалните можности кои би произлегле од натамошниот развој и интеракција помеѓу Агендата за меѓуповрзување и Јонската макро-регионална зона, пресек на западно-јужната рута на Јадранско-Јонскиот коридор со источно-западната рута од Црното море до италијанските јадрански региони, како и подобрување на условите за непречен транспорт на добра и луѓе од истокот кон срцето на Европа и обратно.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk