logo
logo
logo

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Кипар, Теофилакту

Vecer | 02.06.2021

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Кипар, Теофилакту


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма од страна на Деметриос Теофилакту, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Кипар во Република Северна Македонија.

На новоименуванот амбасадор, Османи му посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција и изрази очекување дека ќе даде придонес за подинамичен развој на меѓусебните односи, за што искажа целосна поддршка, помош и соработка.

Во разговорот беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент на европската интеграција и перспективи на Северна Македонија, при што Османи се заблагодари за континуираната и одлучна поддршка на Република Кипар во нашиот европски интегративен процес. Воедно, изрази уверување дека Кипар ќе продолжи со подеднаков ангажман да се зазема за нашата понатамошна интеграција во Унијата, информираат од кабинетот на Османи.

На средбата беше истакнато дека постои цврста и силно изразена волја за изградба на пријателски и срдечни односи на соработка во сите области од взаемен интерес. Фокусот ќе биде ставен на економската соработка и туризмот, преку организирање на бизнис форуми преку кои ќе се зајакне оваа соработка меѓу бизнис заедницата.

Соговорниците како што е соопштено размениле мислења за актуелните состојби во двете земји, актуелните регионални и меѓународни случувања, со посебен осврт на справувањето со пандемијата и последиците кои таа ги предизвика, посебно на економски план.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk