Човекот за кој Сандеј Тајмс пишуваше дека е отров за жени.

ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ Е ВЕЌЕ ПЛЕЈБОЈ. СЕ ОЖЕНИ.

Бизнисменот Орце Камчев (36) се ожени со дваесет и четиригодишната Ана Ѓргиева со која беше во двегодишна врска, по разводот со Олга Костовска. Според најблиските пријатели на Орце Камчев одлуката да се жени ја донесе, помеѓу останатото, и од респект кон Ана бидејќи му давала поддршка во изминативе две години, особено во времето кога имал тешки моменти.
Невестата Ана е адвокат приправник во адвокатската канцеларија Апостолски. Свечената свадбена вечера се одржала завчера навечер во манастирскиот комплекс "Свети Пантелејмон", во присуство на четириесетина гости, најблиски на младенците.
Венчален кум на младенците е Сашо Мијалков, актуелен шеф на ДБК а втор сведок, старосват, е Жаре Луковски, познат во Скопје како Жаре Ериксон, сегашниот претседател на бордот на директори на Телеком.

Поврзани

Најнови вести

Коментари