logo
logo
logo

Општините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје „Малешево”

Vecer | 18.02.2021

Општините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје „Малешево”


Општините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје „Малешево”.

Денеска во просториите на oпштина Берово, се одржа состанок на инволвираните страни во врска со иницијатива на двете општини за прогласување на заштитено подрчје ,,Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина.

Во присуство на државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, стручните лизца од МЖСПП, градоначалниците на Берово и на Пехчево, како и на претставници од ПЗП Фармахем и од Македонско еколошко друштво, се разговараше за условите под кои овој предел може да се прогласи за заштитено подрачје и за начинот на управување со истиот, согласно постоечките стратегии и законски прописи.

„Заеднички беше ставот дека е потребно активно вклучување на сите чинители и инволвирани страни, со цел да се изнајде најприфатливото решение за локалното население, а од друга страна ќе биде од големо значење за општините Берово и Пехчево, со единствена цел зачувување и успешно управување со природните богатства од регионот“, соопшти Министерството.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk