Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“  засадија дрвја на Могилата на непобедените

По повод Денот на пролетта денеска во Паркот на Револуцијата засадија 12 чемпреси, градоначалникот Илија Јованоски, пратеникот Хари Локвенец, претседателот на Совет Миле Талевски, директорот на ЈКП „Комуналец“ Ѕвонко Јованоски, советници и вработени во Општина Прилеп.

„Почнува пролетта. Ќе биде бериќетна, бидејќи врне дожд. По тој повод засадивме млади дрвја во Паркот на револуцијата. Бидејќи денеска е и Денот на децата до Даунов синдром, во ОУ „Климент Охридски“ беа засадени цвеќиња и 30 дрвја, младите од невладини организациии чистеа и диви депонии во околината на Прилеп. Акцијата се реализираше во соработка со ЈКП ‘Комуналец’ со цел да покажеме дека екологијата ни е важна за градот, за еколошки Прилеп“, порача градоначалникот Јованоски.

Звонко Јованоски, в.д директор на ЈКП „Комуналец“ информираше дека претпријатието работи на терен.

„И комуналните работници коишто целосно се посветени на чистата животна средина денеска на еден симболичен начин денешниот ден, со засадување млади садници во Паркот на револуцијата, го одбележаа Денот на пролетта. ЈКП ‘Комуналец’, почна со активности за пролетно чистење на градот. Приоритети ни се депониите во градот и околината, кастрењето на градското зеленило, засадувањето на нови површини и облагородување со цвеќиња и друг расаден материјал на што повеќе површини во градот“, информираше Звонко Јованоски, в.д директор на ЈКП „Комуналец“, рече Јовановски.

Децата и вработените од градинките „Наша Иднина“ со многубројни активности исто така се вклучија во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. Оваа година засадија дрвја и цвеќиња во дворот на градинките, а подготвија и пригодни песни и рецитали посветени на пролетта.

„Денеска во нашава установа ЈОУДГ ‘Наша Иднина’ беше организирана акција за засадување цвеќиња и дрвја во кругот на градинките. Ова го правиме за да ги запознаеме децата, како се садат садници, како се негуваат  и како треба да се живее во здрава животна среднина“, изјави Орце Тодороски, в.д директор на ЈОУДГ „Наша Иднина“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари