Сите родители на ученици со попреченост во општина Карпош, чии деца ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година ќе можат да аплицираат за месечна стипендија од 50 евра во денарска противвредност. Основната цел е да се пружи поддршка на семејствата со деца со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување, соопшти општината.

Можност за пријавување имаат децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

Да се деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишуваат во прво одделение,

Да поседуваат документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје),

Да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19,

Да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија,

На родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

Потребни документи кои треба да се приложат:

Пријава за стипендија од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Потврда од училиште за редовен ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година, со печат и потпис од училиштето;

Документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје);

Извод од Матичната книга на родени за ученикот.

Станува збор за јавен повик на фондацијата „Чекор по чекор“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а во соработка со здруженијата „Инклузива“ и „Хандимак“. Исто така, овој повик е резултат на соработка и со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан и од Европската унија, појаснуваат од Општина Карпош.

makfax.com.mk