logo
logo
logo

Општина Илинден отвори ново детско катче, за среќно и здраво детство

Vecer | 04.10.2022

Општина Илинден отвори ново детско катче, за среќно и здраво детство

Во соработка со општествено одговорни компании, Општина Илинден и ЈКП „Илинден“, со цел грижа и активен однос кон својата заедница, отворено е ново катче на ул. „6 “во населба Илинден. Во рамки на игралиштето е поставена заштитна ограда, детски реквизити, нишалки и лизгалки, игралиштето е поплочено и се поставени клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски им се заблагодари на компаниите за поддршката и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи искрената соработка. -Илинден доби ново место за игра и забава за најмладите, за безгрижно детство, иницираме можност за различни активнoсти и здрав развој, а на најмладите ќе им овозможиме дружба и поубаво воспитување во новото катче, истакна градоначалникот Георгиевски. Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk