Општина Гостивар воведува онлајн платформа на која граѓаните ќе може да ги оставаат своите поплаки

Oпштина Гостивар ќе воведе онлајн платформа која ќе им овозможи на граѓаните лесно и брзо да поднесуваат жалби, а нa општинските институции ќе им го олесни процесот на канализирање на тие барања на погодно место.

Како што информираат оттаму, станува збор за онлајн платформата Raporto.mk која ги собира поплаките од граѓаните за општинските јавни услуги и ги презентира на интерактивна мапа.

На Платформата ќе може да се пријавуваат проблеми од следните категории: отпадоци, дупки на патот, загадувачи на воздухот (чад од фабриките и куќите, диви депонии, отпадни води) и категоријата Разно (јавно осветлување, оштетени тротоари, неисчистени улици од снег и мраз и др.)

За потребите на платформата и пријавувањето на проблемите, Општина Гостивар ќе назначи одговорно лице кое ќе ги информира граѓаните за приемот на поплаките, за тоа до каде е нивото на дејствување и на крајот за конечното решение на проблемот. Тоа лице ќе биде линкот до јавните претпријатија кои треба да дејствуваат и да го решат проблемот.

По изготвување на платформата, ќе биде извршена и презентацијата за користење на истата во општина Гостивар. Инаку, Raporto.mk е базиарана врз отворената платформа FixMyStreet од mySociety. Во Македонија ја носи компанијата „NEXUS“ во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) во Вашингтон.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари