logo
logo
logo

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

Vecer | 27.02.2021

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините


На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да има, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„На лагите на Венко Филипче им нема крај. По една година од корона во Македонија слушаме само како кажува вакцините само што не дошле, ама вакцини во државава никако да стигнат.

Крај на февруари, на прагот е март во Македонија нема ни една вакцина, освен оние 8000 донирани од Србија.

Крај на февруари, на прагот е март и повторно нова лага од Филипче кој вели кинеските вакцини ќе доцнеле!

Истите требаше да стигнат во февруари, па првата недела од февруари, па по кинеска Нова година, ама се помина, еве го март кинески вакцини нема, ама „најавата“ дека ќе доцнат е тука.

И за одбиените руски вакцини, Филипче вели се понудил рускиот амбасадор во земјава да помогне. А истите тие Филипче и Заев ги одбија во декември.

За крајот на март неодамна најави доста вакцини од Фајзер, од КОВАКС механизмот, кинески.

„Ситуацијата е под контрола“ на Венко Филипче по една година резултира со 3.119 починато од корона.

Неспособноста на Филипче и Заев да набават вакцини чини човечки животи.

За ова одговорност мора да има“, наведе партијата во соопштението.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk