logo
logo
logo

Онишченко ПЛАНИРАЛ ДА КУПИ БАНКА во Македонија

Vecer | 25.11.2022

Онишченко ПЛАНИРАЛ ДА КУПИ БАНКА во Македонија

Контроверзниот украински политичар Олександр Онишченко на кој му било дадено македонско државјанство иако е на црна листа на САД, открива дека во Македонија сакал да купи банка.

Тој вели дека него го побарала македонската коњичка федерација да помогне, а коњите биле негови и тој самиот спонзорирал и вели дека скандалот бил поттикнат оти во Македонија некој смета дека ќе го земе бизнисот со гас.

- Кажете им дека само со спорт се занимавам. И со инвестициски бизнис. Не со гас. Гас не ме интересира повеќе. Може да се смират. Никој друг од моето семејство не доби македонско државјанство. Уште еднаш ќе нагласам, се е ова за спортот пред Олимписките игри. Јавачот Лука Заложник ме запозна со претседателот на коњичката федерација. Се сретнав со бизнисмен со бизнис за сокови. Еден коњ за Олимпијадата чини барем 1 милион евра. А јас го имам најдоброто место во светот за тренирање на такви коњи во Германија. Станува збор за 100 хектари спортски објект за коњите во Херцлаке кај што живеам и каде што ми е куќата, вели тој за Слободен печат.

Додава дека немал план за енергетски бизнис туку имал планови да купи банка која не може да ја купи ако одат вака работите понатаму.

Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk