logo
logo
logo

Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година

Vecer | 14.01.2022

Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година

Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година. Директорката, Весела Честоева појасни за МИА дека се работи за домашни и странски гости на кои кавадаречкиот музеј им беше на агендата за посета и покрај пандемијата од Ковид-19. – Постоиме околу година и половина и бројот на реквизити кои се дел од музејската поставка, постојано расте. Сите тие се сведоци за историјата, културата и традицијата на лозаровинарството на овие простори, кое има долгогодишна традиција, нагласи Честоева. Директорката рече дека музејот предизвикува интерес и покрај пандемијата и во неговиот двор, во градскиот парк, како и дека со почитување на ковид мерките, се одржуваат бројни манифестации посветени на грозјето и производите од грозје. Таа ги повика сите оние коишто поседуваат алати и садови кои се користеле во лозарството и винарството низ годините, немаат каде да ги чуваат и сакаат да бидат видени во иднина, да ги отстапат на музејот и да бидат достапни до пошироката јавност како културно наследство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk