logo
logo
logo

Петкоски:

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп поднесе кривична пријава против градоначалникот Јованоски поради основи на сомнение за сторени кривични дела

Vecer | 22.09.2021

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп поднесе кривична пријава против градоначалникот Јованоски поради основи на сомнение за сторени кривични дела

Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со донација на патничко моторно возило марка Мерцедес, поради основи на сомнение за сторени кривични дела од член 353 од Кривичниот законик, рече Влатко Петкоски.

Според Петкоски, Општината застапувана од градоначалникот Илија Јованоски, уште во 2018 година склучила договор за донација, во кој договор Општина Прилеп се јавува како примател на донацијата, додека едно здружение се јавува како давател на донацијата и тоа патничко моторно возило марка мерцедес, тогаш проценето приближно на 18.000 евра.

- Во врска со оваа донација, преземени се сите процедурални дејствија за реализација на донацијата, освен најважното, запишување на сопственоста и преземање на владението на донираното возило во корист на општината.

После вака преземените дејствија, несомнено Илија Јованоски, требало да ги допреземе останатите дејствија преку кои возилото мерцедес, ќе го преземе во владение и ќе го запише како сопственост на Општина Прилеп. На овој начин имотот на Општина Прилеп, останал помал за ПМВ мерцедес, односно за околу 18.000 евра, колку што самиот донатор кажал дека вреди ова возило во моментот на донацијата.

Очекуваме, надлежното Основно јавно обвинителство – Прилеп, во најбрз рок да ги провери наводите во кривичната пријава, и после комплетирање на доказите и целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против градоначалникот Илија Јованоски.

Почитувани, доаѓа време на одговорност! Доаѓа време кога секој еден кој се огрешил пред законот, ќе сноси одговорност! Времето на беззаконието и безредието завршува за брзо. Бидете уверени во тоа!, рече Петкоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=u0qydfohdtk[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk