logo
logo
logo

ОХРИЃАНИ НА МАКА: Водата во Елшани и Велество НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ

Vecer | 09.04.2021

ОХРИЃАНИ НА МАКА: Водата во Елшани и Велество НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ

Водата од системите за водоснабдување на селата Елшани и Велестово не е соодветно хемиски третирана и оттаму е забранета за употреба во домаќинствата.

Испитувањата спроведени од Центарот за јавно здавје во Охрид покажале дека водата од тие два системи за водоснабдување не е микробиолошки загадена, но оти истата не е соодветно третирана со дезинфекциско средство. Според Правилникот за безбедност на вода, водата не смее да се употребува за пиење, одржување лична хигиена како и хигиена на раце, се додека таа не се третира со хлорен препарат или е потребно да се преврива 45-50 минути.

И двете населени места имаат сопствени системи за водоснабдување и стопанисуваат со нив, така што на нив останува одговорноста водата да ја третираат со средства за дезинфицирање. Со слични проблеми се соочуваат и уште неколку села од охридскиот регион што имаат изградено сопствени водоводни системи, и се должни истите да ги одржуваат, што не секогаш се прави навремено и на правилен начин што доведува до хемиска неисправност на водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk