logo
logo
logo

Охриѓани ДА ГИ ТРГНАТ КЛИМИТЕ И ПАНЕЛИТЕ ОД КРОВОВИТЕ на куќите од стариот дел, бара УНЕСКО

Vecer | 14.05.2022

Охриѓани ДА ГИ ТРГНАТ КЛИМИТЕ И ПАНЕЛИТЕ ОД КРОВОВИТЕ на куќите од стариот дел, бара УНЕСКО

Клима уредите треба да се тргнат од крововите на куќите во стариот дел на Охрид, како и сите други елементи, како што се, сончеви панели, сателитски антени, бара УНЕСКО.  Охриѓани тоа треба да го направат до февруари 2023 година.

„УНЕСКО и сите закони кои ги имаме тука за заштитеното старо градско јадро укажуваат на тоа вие и да имате клима, треба да биде поставена некаде каде нема да се гледа.На многу од нив има поставено панели,сончеви бољери.Сите тие се забранети и не треба да бидат таму“, изјави Миште Туткоски-директор на Завод и музеј Охрид

Станува збор за повеќе стотици вакви нелегално поставени елементи, а голем е бројот и на доградби, бесправно изградени настрешници, гаражи, зидови, велат од музејот за Алсат.

„Ние вршиме увид и реагираме и пуштаме пријави до Управата за културно наследство.Меѓутоа нема никаква разрешница да бидам искрен. Понатаму тие пуштаат инспекциски надзори.Во нивните решенија, тие можат да им укажат, да им изречат казни, задолженија да ги отстранат тие елементи.Но ете не мислам дека се спроведуваат до крај сите задолженија кои ги добиваат граѓаните“, изјави Мише Туткоски- директор на Завод и музеј Охрид

За ситуацијата во која се наоѓа охридскиот регион, постои голема загриженост.

„Цела Македонија, комплетно со власт и влада гледа што се случува во Охрид и градби и дивоградби. И мора да се испочитува она што УНЕСКО го бара. Ова е град на УНЕСКО, град на Свети Климент и тој примат треба да се задржи, а не да се задржи приматот на одредена групација на луѓе, за лични интереси од кои граѓаните на Охрид бенефит не гледаме“, изјави Никола Иванчиќ-сопственик на агенција за недвижнини

Властите досега успеваа да ја пролонгираа одлуката на УНЕСКО, Охрид да не се најде на листата на загрозени подрачја, но Постои страв дека поради краткиот рок кои институциите го имаат на

УНЕСКО, исто така бараше да се запре со нелегалната градба и да се реши проблемот со загадувањето на езерото.

Постои страв дека поради краткиот рок кои институциите го имаат на располагање за решавање на сите поставени задачи од страна на УНЕСКО, Охрид може да се најде на листата на загрозени подрачја под негова заштита, веќе следната година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk