logo
logo
logo

Нуредини

Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО, сега е време сите да дадат свој придонес во заштитата

Vecer | 25.07.2021

Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО, сега е време сите да дадат свој придонес во заштитата

Драго ми е што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство, но ова значи дополнителна одговорност, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање на сесијата на Комитетот на УНЕСКО.

Затоа, како што посочи министерот, сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација.

Тој се заблагодари до Комитетот на УНЕСКО за препознавање на напорите, и одобрување на предложениот амандман, со кој се одобрува дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки.

-Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети, рече Нуредини.

Миинстерот Нуредини ги повика сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации, да соработуваат и да го дадат својот придонес кон заштитата на езерото и целиот регион

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk