Туристите од Србија кои летово ќе го посетат Охрид нема да плаќаат паркинг. Ова денеска го најави градоначалникот Константин Георгиески при посетата на Белград, додавајќи дека ваквата одлука ќе ја предложи на усвојување на Советот на Општина Охрид како знак на благодарност за донираните вакцини од Србија.

Ослободувањето од плаќање паркинг доаѓа откако Владата донесе одлука српските туристи да не плаќаат патарини, но само на коридорот 10 кон Грција.