„Охи“ од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за МПЦ-ОА додека се вика „Македонска“

Вселенската Патријаршија се осврна на прашањето на како што ја нарече „расколничката" Македонска Православна Црква при неодамнешната Синаксика на Архиереи, што се одржа во Цариград од 1-4 септември.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека нема да даде согласност за признавање на Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) сè додека таа во своето име го содржи зборот „македонска".

Во својот воведен збор на седницата на Светиот синод на Вселенска патријаршија од 1 септември тој го нагласил сопственото спротивставување на употребата на „македонска" во насловот на црквата, обраќајќи им се посебно на митрополитите од грчка Македонија и од Тракија. Иако тие се владици на Грчка православна црква, исто така учествуваат во работата и на Синодот на Цариградската патријаршија.

„Ги молам моите браќа што служат во Македонија (мислејќи на регионот Македонија во Грција – н.з.) да ја пренесат мојата патријаршиска порака до нивните паства", рекол вселенскиот патријарх.

Патријархот Вартоломеј на барањето за признавање на Македонската православна црква одговори со категорично "не", се додека насловот на црквата го содржи името "Македонија" или било кој негов дериват, пишува Ромфеа.

Македонската црква во ноември се обрати до бугарската православна црква за помош за да стане канонски признаена автокефална Црква. Бугарската црква се согласи да помогне, што во голема мера ги налути црквите на Србија и Грција, како и на Вселенската Патријаршија.

Сепак, бугарската Црква постојано повторува дека нема да предизвика раскол во православниот свет поради македонското прашање.
Македонската црква потоа апелираше до Вселенската Патријаршија за уредување на својот канонски статус од каде одговорија дека ќе се заземат за прашањето и ќе преземе соодветни мерки, но со почит кон историско-канонските овластувања и привилегии на Вселенската Патријаршија ".

Патријархот Вартоломеј го истакна своето противење на употребата на терминот "македонски" во својот воведен говор на Синаксите на архиереи на Вселенската патријархиа на 1 септември, посебно обраќајќи се до, како што рече, митрополитијата на Македонија и Тракија – односно до епископите на Грчката православна црква кои исто така учествуваат во Цариградската Синаксија на Архиереи.

Особено истакна: "Ги замолувам моите браќа што служат во Македонија [што значи македонскиот регион на Грција] да ја пренесат мојата порака.

Поврзани

Најнови вести

Коментари