Во Битола

Ограбена спомен куќата на Гоце Делчев

Украдени се повеќе предмети - експонати чија вредноста засега не е прецизирана

Кражбата се случила во текот на неделава а била откриена и пријавена вчера од вработен во Музеј - Спомен куќата на Гоце Делчев која се наоѓа на улицата Стево Патакот.

Според изјавите на надлежните крадците однеле десетина ппарчиња оружје - експонати чија вредноста засега не е соопштена. Во витрините недостасуваат четири пиштоли, две пушки, две турски сабји и еден турски јатаган.

Екипа на локалната полиција извршила увид но во интерес на истрагата МВР нема да соопшти дополнителни детали.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари