Мрзенци

Ограбена црквата "Св. Константин и Елена"

Крадците однеле околу илјада денари кои локалните верници ги имале оставено на иконите

Крадци неделава провалиле во црквата "Св. Константин и Елена" во гевгелиското село Мрзенци и ги собрале парите кои биле оставени на иконите и во касите, соопшти локалната полиција.

Кражбата се случила меѓу неделата и средата кога била откриена и пријавена во локалната полиција.

Во увдилот е потврдено дека крадци ја скршиле влeзната врата од црквата а според изјавите на мештаните собрале околу илјада денари.

Од МВР соопштија дека локаланата полиција засега нема осомничени лица.

 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари