„Од 'групата на Муса' многу се зборува, де ова не го прави Али, де она не го прави...Браќа, не бива политика со двојни аршини. Јас не сум човек кој едно зборува, а друго работи, зашто тоа претставува лицемерие. Верувам дека моето 40-годишно ангажирање даде доволни докази дека јас директно зборувам и се обраќам. Тоа и на Црвенковски, потоа на Груевски и на Заев сум им го кажал, како и на НАТО и на ЕУ, дека тој што го гледате на телевизија, тој со кого разговарате на телефон, тој е истиот Али Ахмети и кога директно разговара со вас и комуницира со луѓе. Но, што да се прави, таква е ситуацијата. Грешат“, рече Ахмети на прашањето за проблемите од „групата на Муса“ (Муса Џафери, н.з.).Инаку, Ахмети на средбата со група бизнисмени од Тетово зборувал и на други теми, при што нагласил дека секогаш се залагал за каузата на Албанците, но и дека отсекогаш ја бранел, како што рече, каузата на Македонците.
„Сум бил и натаму ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, на нивниот идентитет, јазик и култура", рече Ахмети притоа додавајќи дека заедно сите граѓани на земјава треба да се сплотат кон целта за добивање членство во ЕУ.Aхмети најави дека утре ќе има собир со граѓани и сопартијци во Боговиње.