Одрон на патот Катланово-Велес, сообраќајот се одвива по една лента

(Фото: Илустрација)

На патниот правец Катланово – Велес кај манастирите, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.

Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Од АМСМ информираат дека се укинати забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Ѓавато, Буково и Плетвар и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари