logo
logo
logo

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје

Vecer | 30.11.2024

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје

Во врска со извршено кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на булеварот „Крсте Мисирков”, извршено е палење и кинење на државното знаме на Македонија, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит пазар, заедно со ЕИП, во врска со настаните лишени се од слобода осум лица.

Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата
Ф.И., Е.Д. и С. М..

Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk