logo
logo
logo

Тодоровска: Дали Христо Кондовски е лице осудено за тешка кражба?

Vecer | 23.10.2021

Тодоровска: Дали Христо Кондовски е лице осудено за тешка кражба?

Вчера Христо Кондовски го падна интернетот. Вчера, речиси и да немаше битолчанец кој на социјалните мрежи, не ја објави информацијата за Христо Кондовски – со прашањето, дали тој е лице осудено за тешка кражба? Почитувани битолчани, денес прашуваме, дали Христо Кондовски провали во еден од познатите битолски дуќани за да оствари лична корист, односно да украде стока за себе наместо да ја плати?, рече Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

- Дали Христо Кондовски е бизнисмен кој кога нешто сака, провалува и го зема? Дали е тоа хуманистот, менаџерот, дали е тоа човекот кому битолчани треба да му ја дадат својата иднина?

Почитувани битолчани, уште од првиот ден на изборната кампања Христо Кондовски заедно со бизнис пајташите од Струмица вложија милиони во лажна пропаганда и буквално го залепија на секоја бандера и на секој фејсбук профил, за да го изрекламираат како добар и успешен човек. Знаеме дека тој профил на човек совршено се вклопува во друштвото на бизнис кланот Заеви, но дали е тоа човек каков што и треба на Битола?

Дали човекот кој денес објавува дека не е осуден за тешка кражба и се крие зад партиска информација, само заради тоа што поминале 18 години од стореното дело сака да каже дека истото не се случило, односно дека не провалил во битолски дуќан во 2003-тата?

Почитувани, вчера битолчани на интернет го изрекламираа вистинскиот Христо Кондовски – со отвореното прашање дали ова лице е осудено за тешка кражба со провала.

Го повикуваме да излезе пред битолчани и конечно да ја каже вистината за себе: дека тој од Битола сака да заработи, а не за неа да работи!

Токму затоа битолчани на 31-ви октомври нема да му го дадат својoт глас!, истакна Тодоровска.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=jACWtBAJ7rA[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk