logo
logo
logo

Мицкоски од Тетово:

Одговорност за опожарената модуларна болница и за изгубените човечки животи МОРА да има

Vecer | 16.09.2021

Одговорност за опожарената модуларна болница и за изгубените човечки животи МОРА да има

Денеска сум овде, бев претходно заедно со пратеникот Александар Велјановски во Нераште да изразиме сочувство и да поразговараме луѓето коишто беа сведоци практично на оној немил настан којшто се случи овде во модуларната болница, оној пожарот којшто однесе 14 човечки животи, бевме во семејството на една од тие жртви, порача од Тетово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Луѓето се уште го преживуваат тој хорор којшто се случи тој ден. Разговарав со двајцата синови на мајката која е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење, затоа што тоа што го слушнав е навистина траорно и трагично и болно.

 

Она коешто ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална.

 

Во Македонија се случуваат пречесто пожари, пречесто се случуваат порази кои што сега чинат и човечки животи. Ако не се понесе одговорност, ако нема веднаш оставки барем од тие кои што се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако немаме независна истрага, ако немаме истрага која што ќе даде одговор на многу прашања кои што јавно ги поставив, а тоа е како може објектот да нема против пожарна заштита, како може да нема давачи кои што ќе го мерат количеството на кислород во една просторија, како може да нема дозвола за употреба, а објектот да биде во употреба, и уште многу прашања кои што ги поставив, а за кои за жал се уште нема одговори.

 

Затоа, апелирам за малку совест, за малку морално ниво, тие кои што се најодговорни да понесат веднаш одговорност за да не ни се повтори ова, а потоа преку една независна и темелна истрага да ги констатираме вистинските виновници, кои што ќе понесат и институционална одговорност, истакна Мицкоски.

Мицкоски во посета на семејство кое претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница

Мицкоски беше и во Нераште, во домот на семејство кое, за жал, претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница.

„Болката е огромна, моето најдлабоко сочувство до семејството. Мора да има одговори и одговорност потоа“, порача Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk