logo
logo
logo

ОДГОВОРНОСТ И ПРАВДА ЗА ТРАГЕДИЈАТА бараат семејствата на загинатите - Протест во Тетово

Vecer | 17.09.2021

ОДГОВОРНОСТ И ПРАВДА ЗА ТРАГЕДИЈАТА бараат семејствата на загинатите - Протест во Тетово

Во Тетово денеска се одржа протест во организација на семејствата на жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово  кои бараат правда и одговорност.

Маршот започна од плоштадот во Тетово, а потоа се упатија кон зградата на општина Тетово, каде по говорот кој беше одржан само на албански јазик, беше фрлано со јајца кон објектот на локалната самоуправа.

Потоа толпата се упати кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Семејствата на загинатите, но и нивни сограѓани бараат одговори што се случило таа вечер, но бараат и одговорност од надлежните, како на централно така и на локално ниво.

Во пожарот загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со ковид 19 кои биле на лекување и две лица придружба, додека со помош на медицинскиот персонал и граѓаните беа спасени 12 пациенти.

https://youtu.be/J8PAxavywGY

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk