logo
logo
logo

Од вторник ПОЧНУВА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СОРАБОТКА, Радев не попушта за Уставот

Vecer | 21.01.2022

Од вторник ПОЧНУВА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СОРАБОТКА, Радев не попушта за Уставот

Делегации на македонската и бугарската влада следниот вторник во Софија ќе ја стартуваат агендата за формирањето на работните групи, на кои инсистира Бугарија. За почеток железницата, авионската линија и културните активности, ќе бидат дел од темите на заедничката седница. Бугарскиот премиер Кирил Петков кој доаѓањето во Скопје го окарактеризира како голем успех за бугарската влада вели дека сега е создадена можност да се надомести сето она што не било сработено изминативе триесет години, одново споменувајќи рокови.

„Треба да се договориме за воспоставувањето на железничката линија помеѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, да утврдиме како да се патува побргу со автомобил, како навистина да има половина час лет, да стане збор за културниот календар, како и координацијата на образовните програми“, рече Петков.

ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од владата да има претставници во работните групи со Бугарија, а доколку и добие покана опозициската партија нема да учествува зашто така би била декор на власта и би дала легитимитет на нивното погрешно функционирање, рече партискиот портпарол Димче Арсовски.

А силните пораки од Франција дека нема утврден рок за проширување на Унијата не ги загрижува властите во Македонија. Студениот туш од францускиот претседател Емануел Макрон чија земја во следните шест месеци ќе претседава со Унијата, за новиот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ нема да е никаков проблем – се обиде да ја омекне ситуацијата, па вели дека напорите на Макрон биле искрени, интересот зголемен, ама проблемите требало сами да си ги решаваме.

И покрај најавите за конструктивна средба во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев порачува дека не треба да се заборави на нивниот ултиматум од 5+1 барање. Сепак испраќа порака дека неосновани биле тврдењата дека ако Бугарија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав , како реципроцитет, Македонија може да бара признавање на македонското малцинство во Бугарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk