logo
logo
logo

Од утре регистрација на оние кои се вакцинирале во странство, а сакаат да се ревакцинираат дома

Vecer | 02.07.2021

Од утре регистрација на оние кои се вакцинирале во странство, а сакаат да се ревакцинираат дома

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од утре (03.07.2021) заклучно со 10 јули 2021 година ќе биде во функција веб-страницата https://vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

Преку регистрацијата на граѓаните, велат од МЗ, ќе може да се добие детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страницата за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата.

- На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат. Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани после регистрација на страницата Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста, велат од МЗ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk