logo
logo
logo

Од утре ПЕКОЛ, денес НЕВРЕМЕ!

Vecer | 21.06.2021

Од утре ПЕКОЛ, денес НЕВРЕМЕ!

УХМР најавува дека околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со невреме, интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, потсетува УХМР.

Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk