logo
logo
logo

Од утре КАМЕН ЛАДНО: Утринските температури под просекот

Vecer | 24.10.2021

Од утре КАМЕН ЛАДНО: Утринските температури под просекот

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

До крајот на денот не очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните

делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до

северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, а попладне потивко и со доста сонце.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Охрид – 15 литри на метар квадратен, 13  во Тетово, 12 во Дебар и Попова Шапка, 11 во Пожаране, Маврово и Куманово – осум, Претор, Битола, Прилеп, Демир Капија – четири, Скопје – Зајчев Рид – три, Крива Паланка – 2, Берово и Скопје – Петровец – еден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk