logo
logo
logo

Од утре до понеделник до Битола ќе се оди само преку Прилеп

Vecer | 26.05.2022

Од утре до понеделник до Битола ќе се оди само преку Прилеп

 Од утре и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид.

Од Општина Битола информираат дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на улица „Довлеџик“ и затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата, односно за влез во градот ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27, 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на улицата „Довлеџик“ со улицата Големо Езеро до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27 мај до 08.00 часот во понеделник 30 мај. Во деновите додека трае асфалтирањето на улицата, сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата, информираа од Општина Битола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk